LaSoy & LA CHA - Health and Pleasure Shop

Македонски (Macedonian)

Вашата кошничка

Вашата кошничка во моментов е празна.

LaSoy & LaCha
 
LaSoy & LaCha: Почетна Здравствени придобивки

Зошто е потребно да пиете чај?

Е-пошта Печати PDF

Чајот се состои од три главни активни состојки: catechin-и (антиоксиданси), L-theanine и кофеин. Тие се здружуваат во комбинација која ве одржува здрави, витки, млади и убави.


Кофеинот се наоѓа во надворешанта мембрана на прекрасното чаено ливче, за да го брани од инсекти. Кофеинот го стимулира организмот, ја забрзува циркулацијата и помага при слабеење, но преголемо количество на кофеин е штетно за организмот.

Чајот содржи многу помали количества на кофеин од кафето, а во себе носи и чудесна состојка – аминокиселина по име L-theanine која ги неутрализира штетните ефекти на кофеинот и која е присутна единствено во чаеното дрво!!

 

Истражувањата покажуваат дека L-theanine функционира така што го стимулира лачењето на GABA (gamma-aminobutyric acid), инхибиторен невротрансмитер во мозокот кој го блокира испуштањето на неуротрансмитерите допамин и серотонин кои влијаат врз расположението.

На овој начин аминокиселината директно го стимулира создавањето на алфа мозочни бранови кои се “одговорни” за состојбите на длабока опуштеност и засилена ментална активност, но истовремено и зголемено чувство на задоволство. Таа исто така создава чувство на ситост, особина која ви помага да ги загубите несаканите килограми.


Најпопуларни компоненти на зелениот чај се полифенолите кои имаат улога на антиоксиданси. Полифенолите во чаевите во најголема мера се catechin-и, од кои најмоќен е epigallocatechin gallate (EGCG) – кој го наоѓаме само во зелениот чај!

Ова е антиоксиданс 25-100 пати помоќен од витаминот Ц. Една чаша зелен чај содржи 10-40 mg полифеноли и поседува антиоксидантно дејство посилно од чинија броколи, спанаќ, моркови или јагоди. Силното антиоксидантно дејство на зелениот чај го прави погоден за заштита на телото од оксидирачкото дејство на слободните радикали, кои се формираат како резултат на стрес, несоодветна исхрана, ултравиолетови зраци, чад од цигари и напорна физичка активност.

Преголемото присуство на слободни радикали во телото може да предизвика инфекции и разни дегенеративни заболувања како на пример срцеви болести, канцер, мозочен удар, висок крвен притисок и да го забрзаат процесот на стареење.

Што е подобар квалитетот на чајот и што се посвежи ливчињата, толку се поголеми и концентрациите на EGCG.

Заради ова е важно зелениот чај да се пие свеж, и да биде од цели ливчиња, а не иситнет во прав (налик на оној во филтер-вреќички).


Зелениот чај се користи илјадници години од Кинезите и Јапонците како лековит напиток со детоксикациски ефекти. Во текот на повеќегодишни истражувања научниците пронајдоа уште повеќе докази за неговите лековити својства, така што денес листата на здравствени придобивки станува бесконечна...

 

  • 1.    Ги спречува срцевите заболувања и канцерот
    Високата содржина на антиоксиданси го прави зелениот чај ефикасно оружје против опасните слободни радикали, (повеќе...)
     неконтролираната клеточна делба, ризикот од мозочен или срцев удар, запушените артерии и нефункционалните крвни садови. Секојдневното конзумирање на 3-6 чаши зелен чај навистина помага при спречување на овие заболувања.

    2.    Го снижува нивото на холестерол
    Редовното конзумирање на висококвалитетен зелен чај може да ја намали апсорпцијата на липиди (повеќе...)
    во дигестивниот тракт и да го подобри нивното исфрлање од телото. Забрзувањето на метаболизирањето на липидите може да ги намали нивоата на лош LDL холестерол во телото, истровремено зголемувајќи ги нивоата на добар HDL холестерол.

    3.    Го подобрува имуниот систем и го детоксицира телото
    Зголемувајќи го создавањето на белите крвни зрнца, задолжени за одбрана од инфекции (повеќе...),
    антиоксидансите во зелениот чај поседуваат антибактериско, анти-вирално и анти-фунгално дејство (тука се вбројуваат и некои видови на салмонела, инфлуенца и херпес симплекс). Зелениот чај исто така може да го детоксицира организмот од отрови и тешки метали (олово, хром, жива, кадмиум итн.) поврзувајќи ги и елиминирајќи ги од телото.

    4.    Помага во намалувањето на вишок килограми и во правилното варење на храната
    Време е да ги замените вашите диет препарати со овој природен безвременски напиток!!
    Зелениот чај поседува моќ за лесно согорување на маснотиите со што го потпомага слабеењето, (повеќе...),
    особено кога е истото комбинирано со зголемена физичка активност и соодветна диета. Генерална препорака за постигнување на овој ефект е да истиот редовно се пие во количина од 4 шољи секој ден во период од минимум три месеци. Познато е дека полифенолите од зелениот чај го забрзуваат метаболизмот на маснотии во црниот дроб,
    ја инхибираат липазата (ензим кој ја зголемува апсорпцијата на масти) во дигестивниот тракт и даваат чувство на ситост. Континуираното конзумирање на зелен чај со висока содржина на catechin-и (присутни само во висококвалитетен рефусен чај!), го намалува количеството на маснотии во телото, го снижува крвниот притисок, што пак доведува до намалување на вишокот килограми како и намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Зелениот чај исто така го помага варењето со тоа што го забрзува лачењето на дигестивните сокови доколку се конзумира веднаш после оброкот.

    5.    Спречува појава на висок крвен притисок и артериосклероза
    Зелениот чај го снижува крвниот притисок и помага во превенцијата од хипертензија. (повеќе...) Чајот го поттикнува лачењето на азотен оксид, кој ги проширува артериите и на тој начин го снижува крвниот притисок. Редовното конзумирање на чај во текот на барем една година го намалува ризикот за висок крвен притисок за 65%, особено доколку се конзумираат повеќе од 3 шољи дневно. Редовното конзумирање на зелен чај може да помогне и во превенцијата од артериосклероза. Зелениот чај докажано го намалува ризикот за артериосклероза со тоа што го намалува присуството на LDL холестерол, триглицериди и фибриноген (протеин кој учествува во згрутчување на крвта). Зелениот чај е моќен антиоксиданс и ја спречува оксидацијата на LDL холестеролот. Оксидираниот холестерол станува леплив и се закачува за ѕидовите на артериите, што води до појава на артериосклероза.

    6.    Го снижува шеќерот во крвта
    Зелениот чај традиционално се користи за регулирање на шеќерот во крвта. (повеќе...)
    Тој ја блокира функцијата на ензимот задолжен за дигестија и апсорпција на шеќерот, и на овој начин помага во превенција од дијабет. Луѓето кои што конзумираат повеќе од 4 шољи зелен чај дневно имаат помали шанси да развијат дијабет од оние кои пијат помалку од 1 шоља.

    7.    Ја рехидрира кожата и штити од UV зраци
    Полифенолите во зелените чаеви ја штитат кожата (повеќе...)
    од штетата која ја предизвикуваат изгорениците од UV зраци и стареењето предизвикано од преголемо изложување на сончева светлина. Тие го забавуваат процесот на стареење на кожата, ја забавуваат појавата на темни дамки и брчки, ја штитат кожата со тоа што го подобруваат еластичното ткиво и ги рехидрираат кожните клетки (особено важно за време на летниот период!).

    8.    Ја подобрува менталната функција и го намалува стресот
    Конзумирањето на зелен чај помага во борбата со стресот и анксиозноста и ја зголемува менталната активност. (повеќе...)
    Неодамни истражувања покажуваат дека аминокиселината L-theanine, (link do L-theanine) која се содржи исклучиво во чаеното дрво, создава ефект на длабока релаксација (без пропратно седативно дејство!) со тоа што ја преминува бариерата крв-мозок каде влијае врз невротрансмитерите и ја зголемува алфа мозочната активност. Ова резултира во посмирена состојба на умот, зголемена концентрација и способност за учење.

    9.    Се бори против забниот кариес
    Редовната употреба на зелен чај помага во борбата со гингивитот и бактериите (повеќе...)
    кои ги создаваат забните наслаги и предизвикуваат халитоза (лош здив). Тие исто така ја зголемуваат отпорноста на забната глеѓ на киселини. Како природно богат извор на флуор, зелениот чај помага при борбата со забните заболувања и кариесот.

    10.     Артрит
    Зелениот чај може да им помогне на луѓето со артрит бидејќи има антиинфламаторно дејство (повеќе...)
    и воедно го забавува оштетувањето на зглобната ‘рскавица со тоа што го блокира ензимот одговорен за нејзиното уништување, намалувајќи го отокот и болката. Тој исто така е ефикасен при превенција на остеопороза и ја зголемува густината на коскени минерали.


Пред се’, запомнете дека зелениот чај е истовреме превкусен. Најкорисен за здравјето е висококвалитетниот рефусен чај. Овој вид на чај содржи помалку кофеин и повеќе антиоксиданси. Тој има пристапна цена, одличен вкус и претставува навистина волшебен еликсир. Пиејќи висококвалитетен зелен чај ние уживаме не само во задоволството кое тој го пружа, туку и во подобрувањето на целокупната здравствена состојба.

 

Имате прашање?

Контактирајте нé:

  • Тел: (+389) 72 22 80 77
  • Факс: (+389) 72 22 80 77
  • Email: office@lasoy.com.mk
  • Вебсајт: www.lasoy.com.mk

LaSoy природна козметика

LaCha чај и кафе

e - Продавница брз мени

Козметика
Сапуни
Ексфолијантни сапуни
Сапуни без додатоци
Сапуни за лице
Премиум сапуни
Сапуни за сладокусци
Течни сапуни
Soap on a Rope
Свадбени сапуни
Сапуни по нарачка
Хотелски сапуни
Упс! торбички и Рефусни сапуни
Пробни сапуни
Балзами
Балзам за усни
Балзам за раце
Балзам за стапала
Купки
Шумливи цврсти купки
Маслени купки
Масажни производи
Масажни масла
Масажни стикови
Нега на лице
Нега на тело
Путери за тело
Млеко за тело
Пилинзи за тело
Рол - он
Нега на коса и нокти
Шеа путер
Пенаст шеа путер
Пенаст шеа бутер за бебиња
Шеа путер
Млеко за сончање
Цврсти парфеми
Поклони и комплети
Сет за летна нега на кожата
Сет за нега на стапала
Ѓумбир комплет
Чоко - минт / Чоко - ванила сет
Антицелулитен комплет
Анти - стрес комплет
Егзотичен комплет Мошус
Чаеви и прибор
Чаеви
Зелени чаеви
Бели чаеви
Црни чаеви
Oolong и Pu - Erh
Чаеви со арома
Рооибос
Овошни и растителни
Wellness чаеви
Мате
Празнични вкусови
Чаеви што цветаат
Прибор
Чајници
Шољи
T - 4 - 1 Сетови
Метални кутии
Филтри
Кафе и Какао
Кафе
Кафиња без арома
Кафиња со арома
Какао