LaSoy & LA CHA - Health and Pleasure Shop

Македонски (Macedonian)

Вашата кошничка

Вашата кошничка во моментов е празна.

LaSoy & LaCha
 
LaSoy & LaCha: Почетна Природен сапун

Природен сапун

Е-пошта Печати PDF

На купувачите денес им се достапни најразлични типови на сапуни.


Многумина од нив се добиени индустриски и всушност претставуваат синтетски детергенти направени од петролеум, етилен оксид и сулфурна киселина кои ги претвараат мастите/масните киселини во алкохоли.

Финалниот производ наречен сапун е всушност хемиски добиена пенлива формулација со натриум лаурил сулфат или СЛС, која може да ја иритира кожата, да предизвика појава на екцеми, акни и други кожни заболувања.


Некои сапуни кои најчесто се декларираат како “свежи и природни” содржат синтетски компоненти, парфеми и конзерванси (парабени). Други пак се со “антибактериски својства“, а некои со “навалжнувачи“ како замена за одземениот глицерин.

Што е всушност вистински природен сапун?

Природните сапуни се изработуваат со ладна метода на сапунификација, односно со мешање на природни растителни масла и жива сода во одреден сооднос. Вака добиениот сапун е нежен и многу поадекватен за миење на кожата во однос на детергентите.

Треба да се појасни дека по комплетно завршената сапонификација, содата и маслата се комбинираат и хемиски модифицираат создавајќи сапун и глицерин како крајни продукти. Значи нема сода во финалниот сапун!

Растителните масла кои се употребуваат за изработка на природните сапуни (како што се ЛаСоy сапуните) –се избрани за соодветна намена. Кокосовото масло го подобрува пенењето, палминото ја подобрува цврстината, а маслиновото масло ја храни и омекнува кожата. Природниот глицерин пак, претставува одличен емолиенс кој го подобрува квалитетот на рачно работените сапуни.

Комерцијалните сапуни не содржат глицерин од причина што истиот се изолира во процесот на нивното создавање заради понатамошна продажба, за цена повисока од онаа на сапунот. 1/5 од масата на сапунот отпаѓа на глицеринот кој е хумектант и е неопходен за нега на кожата. Хумектантите имаат улога да ја задржат влагата од воздухот а со самото тоа да ја навлажнат и кожата.


Повеќето комерцијални сапуни содржат вештачки ароми и бои, кои можат да и наштетат на кожата, а при тоа немаат никакви аромоатерапевтски својства .

Мирисите во природните сапуни доаѓаат од присуството на етерични масла кои се изолирани од разни растенија. Етеричните масла во природните сапуни се комбинирани не само по нивната арома туку и по нивната делотворност, создавајќи склад кој лечи, релаксира и го разубавува телото.

 

Имате прашање?

Контактирајте нé:

  • Тел: (+389) 72 22 80 77
  • Факс: (+389) 72 22 80 77
  • Email: office@lasoy.com.mk
  • Вебсајт: www.lasoy.com.mk

LaSoy природна козметика

LaCha чај и кафе

e - Продавница брз мени

Козметика
Сапуни
Ексфолијантни сапуни
Сапуни без додатоци
Сапуни за лице
Премиум сапуни
Сапуни за сладокусци
Течни сапуни
Soap on a Rope
Свадбени сапуни
Сапуни по нарачка
Хотелски сапуни
Упс! торбички и Рефусни сапуни
Пробни сапуни
Балзами
Балзам за усни
Балзам за раце
Балзам за стапала
Купки
Шумливи цврсти купки
Маслени купки
Масажни производи
Масажни масла
Масажни стикови
Нега на лице
Нега на тело
Путери за тело
Млеко за тело
Пилинзи за тело
Рол - он
Нега на коса и нокти
Шеа путер
Пенаст шеа путер
Пенаст шеа бутер за бебиња
Шеа путер
Млеко за сончање
Цврсти парфеми
Поклони и комплети
Сет за летна нега на кожата
Сет за нега на стапала
Ѓумбир комплет
Чоко - минт / Чоко - ванила сет
Антицелулитен комплет
Анти - стрес комплет
Егзотичен комплет Мошус
Чаеви и прибор
Чаеви
Зелени чаеви
Бели чаеви
Црни чаеви
Oolong и Pu - Erh
Чаеви со арома
Рооибос
Овошни и растителни
Wellness чаеви
Мате
Празнични вкусови
Чаеви што цветаат
Прибор
Чајници
Шољи
T - 4 - 1 Сетови
Метални кутии
Филтри
Кафе и Какао
Кафе
Кафиња без арома
Кафиња со арома
Какао