LaSoy & LA CHA - Health and Pleasure Shop

Македонски (Macedonian)

Вашата кошничка

Вашата кошничка во моментов е празна.

LaSoy & LaCha: Почетна

Добредојдовте во LaSoy & LaCha - Продавница за здравје и мерак

Е-пошта Печати PDF
     Не ми е потребна друга инспирација освен онаа која ми ја пружа Природата. Таа сеуште не ме иневерила…    Ганди


Ние сме едно од оние луѓе кои го практикуваат природниот начин на правење на нештата и многу често се сомневаме дека човечкиот “прогрес“”се движи во вистинска насока.

Доаѓаме од сончевата долина наречена Македонија, која изобилува со природни бои, облици и мириси.. Нашите сапуни започнавме рачно да ги изработуваме во 2005 година за да останеме подалеку од индустриските синтетески производи, од хемикалиите и конзервансите кои се толку штетни за нашето здравје и за нашата кожа.

По неколкугодишни промоции на занаетчиските базари согледавме дека купувачите со големо задоволство ги употребуваат нашите производи и заслужуваат истите да им бидат достапни на пазарот.


Така беше создадена LaSoy, првата македонска компанија која започна со производство на природни ароматерапевтски сапуни, произведени рачно по ладна метода на сапунификација.

LaSoy сапуните, купките, балзамите, кремите, путерите и масажните производи се комплетно природни, изработени рачно во мали серии, со најфини природни состојки: квалитетни растителни масла, исушени додатоци на лековити билки, 100 % концентрирани етерични масла, природни бои... без конзерванси (парабени) и без пенливи додатоци (СЛС - натриум лаурил сулфат).


Бањањето е дел од животот кое треба да ги задоволи потребите на секој поединец: да релаксира, разбуди, освежи, енергизира... Затоа LaSoy ви го нуди најздравиот начин да ја постигнете таа цел.

Нашиот тим постојано ги следи потребите на купувачите, особено оние чиј стил на живеење преферира конзумирање на природни продукти. Поради тоа, во 2008 година, за прв пат на нашиот пазар, донесовме повеќе од 70 типа висококвалитетни La CHA рефусни чаеви и чаена галантерија. La CHA производите долго време селективно ги биравме и ги донесовме  од најразлични краеви на светот: Јапонија, Кина, Цејлон, Индија, Јужна Африка, Тајланд, Тајван, Бразил..

Тие се идејно компатибилни на LaSoy козметиката-природни, без конзерванси, со природна арома, а опфаќаат најразновидни ароматизирани и неароматизирани зелени, црни, рооибос и овошни чаеви, како и прибор потребен да подготовката на чај ја претворите во церемонија и уживање во овој мистичен долговековен напиток.

Како големи лубители на чајот се надеваме дека културата на пиење чај ќе стане ритуал на сите оние кои се негови поклоници но и на оние кои се грижат за својот добар изглед и пред се доброто здравје.



Пробајте и уверете се зошто природното е најдобро!



Соња & Владимир

 

 

Имате прашање?

Контактирајте нé:

  • Тел: (+389) 72 22 80 77
  • Факс: (+389) 72 22 80 77
  • Email: office@lasoy.com.mk
  • Вебсајт: www.lasoy.com.mk

LaSoy природна козметика

LaCha чај и кафе