LaSoy & LA CHA - Health and Pleasure Shop

Македонски (Macedonian)

Вашата кошничка

Вашата кошничка во моментов е празна.

PDFИспис

Сапуни

LaSoy сапуните се изработени од чисти растителни масла (маслиново, кокосово, палмино) додадени во 5% вишок за да се зголеми нивната нутритивна вредност. Тие не содржат токсични хемикалии, алкохоли, конзерванси (парабени) ниту пак пенливи компоненти (натриум лаурил сулфат-СЛС). Тие се произведени рачно по ладна метода на сапунификација, а не од готово купена глицеринска база за сапуни направена од алкохол и пропилен гликол (антифриз!).

При овој процес се ослободува природен глицерин кој останува во финалниот природен сапун и пружа дополнителна хидратација на кожата. Некои од сапуните содржат природни ексфолијантни додатоци (иситнети листови, плодови или цветови, овесни снегулки, зачини) кои прават пилинг на површинскиот слој од кожата, во некои е додаден мед, зелена глина или козјо млеко за дополнителна нега на кожата, но сите ги одликува присуството на природни бои добиени од разни корени, зачини и семиња (turmeric, beta carotene, paprika, cinammon, red beet, anthocyanin, carmine), витамин Е (природен конзерванс) и различни комбинации на чисти етерични масла за постигнување на ароматерапевтскиот ефект.

LaSoy сапуните се изготвени рачно по свои оригинални рецептури, во мали серии што овозможува подобра контрола на квалитетот на производот. Сечењето и пакувањето се изведуваат исто така рачно (поради што не се перфектно идентични!), за да се добие облик кој е уникатен, убав на изглед и лесен за употреба.

Правењето на сапуни е долг и макотрпен процес, но се надеваме дека нашиот труд ќе го оцените како полезен!




Имате прашање?

Контактирајте нé:

  • Тел: (+389) 72 22 80 77
  • Факс: (+389) 72 22 80 77
  • Email: office@lasoy.com.mk
  • Вебсајт: www.lasoy.com.mk

LaSoy природна козметика

LaCha чај и кафе