LaSoy & LA CHA - Health and Pleasure Shop

Македонски (Macedonian)

Вашата кошничка

Вашата кошничка во моментов е празна.

LaSoy & LaCha: Почетна Козметика Козметика Нега на лице
PDFИспис

Нега на лице

 
Кожата на лицето бара многу повеќе нега од останатите делови на телото. Грижејќи се правилно за Вашето лице Вие всушност ја покажувате Вашата грижа за себе.

Затоа LaSoy ја создаде палетата на производи за нега на лицето кои ќе пружат добар баланс, исхрана и ревитализирање на лицето. Тие се изработени рачно и се комплетно природни,

  • БЕЗ парабени
  • БЕЗ минерални масла
  • БЕЗ синтетски адитиви
Дневната грижа за лицето најдобро е да ја започнете со чистење, “будејќи” го лицето со млака вода и сапун - LaSoy природен сапун за лице кој ќе ја прочисти и навалжни кожата. Потоа е добро да се нанесе природен тоник или пак да се потхрани кожата на лицето со LaSoy кремата со грејпфрут или со природни масла, зависно од типот на кожата (сува, комбинирана, осетлива или зрела).

Повремено е потребна и ексфолијација на кожата со природен пилинг за лице. Таа ќе овозможи детоксикација на кожата и одстранување на мртвите површински клетки од лицето.

За нега пред спиење добро е повторно прочистување на кожата со природен сапун или лосион а потоа и релаксација на уморната кожа со блага масажа. Кожата околу очите, образите, вратот и челото со задоволство ќе го почувствуваат бенефитот од кремата со невен пенастиот шеа путер или пак природните масла, кои ќе пружат спокен сон и комплетна регенерација на кожата за претстоечкиот ден.

Природата е полна со изненадувачки исцелувачки моќи, па време е да ги искусите со LaSoy!

Со години живеев во убедување дека масло на мрсна кожа е големо НЕ и дека во ваков случј е најдобра употреба на адстрингентни средства за чистење и навалжнувачи без масла. Не можев повеќе да згрешам! Како што обично и се случува, се создаде затворен круг - колку повеќе ја сушев кожата толку повеќе таа создаваше себум односно маст од нејзините жлезди, така да резултатот беше уште помрсна кожа!

Затоа ви препорачувам да употребувате комбинација на природна крема за лице со нежен сапун за чистење, природен цветен тоник и маска од зелена глина еднаш неделно. Заедно со здрава диета вашата кожа наскоро ќе  изгледа исто така здраво!

Роси  :-)


Подредување:

Пилинг за лице - НАСКОРО

Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0

Комплетно природен пилинг кој ќе ја прочисти и детоксицира Вашата кожа. Може да се употреби и како маска за лице.

 
Детални информации...


Крема со Невен

600.00 MKD
Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0

Густа и хранлива крема за нега на сува и осетлива кожа! Рачно изработена и комплетно природна. Одлично делува на заздравувањето на иритирана и воспалена кожа и обновувањето на епидермалните клетки. 
Детални информации...



  • «« Почеток
  • « Претходна
  • 1
  • Следна »
  • Крај »»
Резултати 1 - 2 од 2

Имате прашање?

Контактирајте нé:

  • Тел: (+389) 72 22 80 77
  • Факс: (+389) 72 22 80 77
  • Email: office@lasoy.com.mk
  • Вебсајт: www.lasoy.com.mk

LaSoy природна козметика

LaCha чај и кафе