LaSoy & LA CHA - Health and Pleasure Shop

Македонски (Macedonian)

Вашата кошничка

Вашата кошничка во моментов е празна.

LaSoy & LaCha: Почетна Козметика Козметика Сапуни Сапуни за лице
PDFИспис

Сапуни за лице

Комплетно  природни, рачно работени, без вештачки додатоци и синтетски конзерванси (без парабен).
Наменети се за сите оние со осетливо лице. Изработени се од селективно одбрани хранливи компоненти, природни навлажнувачи и неинтензивни етерични масла кои ќе му подарат на вашето лице мазен и здрав изглед.

Достапни се како парчиња од 95 грама, спакувани или рефусни линк до рефусни сапуни со исклучок на сапунот за бричење кој е налиен во стаклен сад и тежи 140грама.

Забелешка: Поради рачната изработка можни се мали отстапки во тежината како и повремени варијации од серија до серија.

Напомена за чување и употреба на сапуни

Употреба: Ароматерапевтските природни сапуни се употребуваат исто како и конвенционалните. Најдобро е да се започне туширањето со топла вода за да се отворат порите и се овозможи абсорпција на етеричните масла,после што се препорачува употреба на поладна вода заради затворање на порите и задршка на маслата во телото. За подобро делување најдобро е сапунот да се остави да делува 3-5 минути пред негово испирање.

Начин на чување: се препорачува чување на суво место. По употреба, сапунот се става на метална решетка или во сапуњерка подалеку од допир со вода.


Подредување:

Здравец сапун за лице

160.00 MKD
Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0
За суво и осетливо лице - со додаток на козјо млеко и етеричното масло на здравец (Geranium). Делува антибактериски и смирувачки на воспалена кожа, особено при дерматити и екцеми. Козјото млеко ја прави кожата мазна и свилена, делувајќи навлажнувачки и регенеративно. 
Детални информации...


Сапун за бричење

330.00 MKD
Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0
Shavy-Navy - Богата пена, мазна кожа и неодолив долготраен мирис на еукалиптус и ванила! Додатокот на Shea Butter го прави особено навлажнувачки, а присуството на зелена глина го олеснува бричењето. Избричете се еднаш и ќе го сакате засекогаш!
  
Детални информации...


Зелена глина

160.00 MKD
Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0

За масно и проблематично лице - уникатна апсорбирачка и детоксикацијска моќ на зелената глина комбинирана со противвоспалително, антисептично, деодорантно, противвирусно, имуностимулирачко и антиоксидантно дејство на етеричните масла од еукалиптус, лимонова тревка и тимјан. Одличен за третман на акни и други воспаленија на кожата.

 
Детални информации...



  • «« Почеток
  • « Претходна
  • 1
  • Следна »
  • Крај »»
Резултати 1 - 3 од 3

Имате прашање?

Контактирајте нé:

  • Тел: (+389) 72 22 80 77
  • Факс: (+389) 72 22 80 77
  • Email: office@lasoy.com.mk
  • Вебсајт: www.lasoy.com.mk

LaSoy природна козметика

LaCha чај и кафе