LaSoy & LA CHA - Health and Pleasure Shop

Македонски (Macedonian)

Вашата кошничка

Вашата кошничка во моментов е празна.

LaSoy & LaCha: Почетна Козметика Козметика Балзами Балзам за стапала
PDFИспис

Балзам за стапала

За Вашите уморни, осетливи, разранети и тврди стапала!
LaSoy балзамот за стапала е комбинација на растителни масла и природни екстракти за нега и омекнување на Вашите стапала.

БЕЗ вазелин
БЕЗ синтетски адитиви
БЕЗ синтетски козерванси (парабени)


Овој хранлив емолиент ги ревитализира и регенерира дури и најсувите најтврди делови од стапалата. Ја подобрува еластичноста на кожата, враќајќи и го природниот здрав и убав изглед.

LaSoy балзамот може да се употреби и на други суви или иритирани делови од телото како што се коленици, лакти, кутикули исл.

Сега достапен во НОВО пакување - 50 мл кутивче со капак

ЛАВАНДА (Lavender & Orange) – за деодорантното и релаксирачко дејство. Одлично го неутрализира непријатниот мирис на стапалата!
КАМИЛИЦА (Chamomile & Tangerine) – за смирување на воспалена и раздразнета кожа и регенерирање на оштетените стапалата.

Состав - пчелин восок, кокосово масло, шеа путер, масло од гроздови семки, маслиново масло, глицерин, вит.Е, етерични масла

Начин на употреба: препорачлива е апликација на балзамот пред спиење за подобро делување во тек на ноќта. По масажата, на нозете навлечете памучни чорапи за да не дојде до валкање на постелнината.

За луксузен изглед на Вашите стапала LaSoy Ви препорачува третман во три чекори

  • Омекнете ги стапалата 10-тина минути во сад со топла вода во која претходно сте ставиле LaSoy купка
  • Потоа влажните стапала протријте ги со камен за петици, луфа или  “smooth foot” сапун за да го отстраните рожестиот слој, а потоа со истиот измијте ги за да постигнете антисептичен и деодорантен ефект.
  • Најпосле премачкајте ги стапалата со балзамот и со неколкуминутна масажа впијте го во кожата.

    Третманот е најдобро да го изведете пред спиење (при тоа облечете чорапи за да не дојде до измастување на постелнината од балзамот). Вашите стапала ќе бидат меки и нежни следното утро!


Подредување:

Балзам за стапала - Камилица

230.00 MKD
Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0
Chamomile & Tangerine - За Вашите уморни, осетливи, разранети и тврди стапала!
LaSoy балзамот за стапала е комбинација на растителни масла и природни екстракти за нега и омекнување на Вашите стапала.
 
Детални информации...


Балзам за стапала - Лаванда

230.00 MKD
Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0
Lavender & Orange - За Вашите уморни, осетливи, разранети и тврди стапала! LaSoy балзамот за стапала е комбинација на растителни масла и природни екстракти за нега и омекнување на Вашите стапала. 
Детални информации...



  • «« Почеток
  • « Претходна
  • 1
  • Следна »
  • Крај »»
Резултати 1 - 2 од 2

Имате прашање?

Контактирајте нé:

  • Тел: (+389) 72 22 80 77
  • Факс: (+389) 72 22 80 77
  • Email: office@lasoy.com.mk
  • Вебсајт: www.lasoy.com.mk

LaSoy природна козметика

LaCha чај и кафе