LaSoy & LA CHA - Health and Pleasure Shop

Македонски (Macedonian)

Вашата кошничка

Вашата кошничка во моментов е празна.

LaSoy & LaCha: Почетна Козметика Козметика Купки Шумливи цврсти купки
PDFИспис

Шумливи цврсти купки

Шумливи цврсти купки - за релакс третман. Подарете си релаксирано уживање со шумливите LaSoy купки!

Едноставно потопете една во вашата када наполнета со топла вода и набqудувајте ја цврстата купка како шумоли и ротира ослободувајќи ја вашата омилена арома и боја.

Изработени се рачно, без вештачки пенливи додатоци (без СЛС) и синтетски конзерванси (без парабен).

Содржат сода бикарбона и бадемово масло - за чистење и омекнување на кожата, магнезиум сулфат за опуштање и ублажување на мускулните болки, витамин Е како природен анти-оксиданс и лимонска киселина.

Збогатени со чисти етерични и мирисни масла кои делуваат позитивно на вашето расположение, LaSoy купките ќе ви помогнат да се релаксирате по долгиот напорен ден исполнувајќи ја вашата бања со долготраен мирис и свежина.

Достапни во неколку различни мириси (нане, цимет, ванилла, лаванда...) и облици (стандардни - топка и срце, или по нарачка - конус и округла плочка)

Начин на употреба:
потопете ја купката во када со топла вода, оставете ја да се раствори, потоа едноставно легнете, опуштете се и уживајте!

ЗАБЕЛЕШКА: Пред да ја започнете СПА сесијата, истуширајте се - кожата треба да биде чиста, а порите отворени!


Шумливи цврсти купки

150.00 MKD
Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0
Шумливи цврсти купки - за релакс третман. Подарете си релаксирано уживање со шумливите LaSoy купки! Едноставно потопете една во вашата када наполнета со топла вода и набqудувајте ја цврстата купка како шумоли и ротира ослободувајќи ја вашата омилена арома и боја.
 
Детални информации...



Имате прашање?

Контактирајте нé:

  • Тел: (+389) 72 22 80 77
  • Факс: (+389) 72 22 80 77
  • Email: office@lasoy.com.mk
  • Вебсајт: www.lasoy.com.mk

LaSoy природна козметика

LaCha чај и кафе