LaSoy & LA CHA - Health and Pleasure Shop

Македонски (Macedonian)

Вашата кошничка

Вашата кошничка во моментов е празна.

PDFИспис

Шеа путер


Шеа путерот (Shea butter) се добива од ореволиките плодови на Карите дрвото кое расте единствено во тропскиот дел на Африка. Поради своите лековити својства локално се употребува повеќе од 2000 години – како незаменлива состојка во секојдневната нега на кожата, како “штит“ од сувиот пустински ветер но и за нега и масажа на осетливата бебешка кожа.

Содржи големи количини на незаситени масни киселини, витамини А, Е и Ф како и висока содржина на протеини и минерали. Продира длабоко во кожата, ја задржува влагата, ги регенерира клетките, помага при зараснување на помали рани, огреботини и опекотини, па може да се употребува при третмани на стрии и лузни, по бричење или депилација, а особено е делотворен за областа околу очите (antiaging effect), за превенција и третман на брчки. Кожата добро го поднесува и не предизвикува никакви алергиски реакции.

Од иста причина е одличен избор при секојдневната нега на бебешката кожа и коса. Делува противвоспалително, па помага при заболувања на кожата како што се псоријаза, себореа, екцеми, неуродермитиси и акни. Еден е од ретките природни состојки кои штитат од УВ зрачење па помага при заздравување на кожата оштетена од сонцето. Може да се употреби и како кондиционер за коса.

Листата на полезни ефекти на шеа путерот е навистина голема, па време е Вашата кожа да ја почувствува неговата непроценлива вредност преку производите на LaSoy.

Забелешка: препаратите со шеа путер се наменети за нега на сите суви делови на телото - лице, раце, стомак, стапала, кутикули, колена, лакти, како превентивна заштита од ветер и студ, но и како средство за масажа.



Шеа путер

190.00 MKD
Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0

Шеа путерот (Shea butter) се добива од ореволиките плодови на Карите дрвото кое расте единствено во тропскиот дел на Африка. Поради своите лековити својства локално се употребува повеќе од 2000 години – како незаменлива состојка во секојдневната нега на кожата, како “штит“ од сувиот пустински ветер но и за нега и масажа на осетливата бебешка кожа.

 
Детални информации...



Имате прашање?

Контактирајте нé:

  • Тел: (+389) 72 22 80 77
  • Факс: (+389) 72 22 80 77
  • Email: office@lasoy.com.mk
  • Вебсајт: www.lasoy.com.mk

LaSoy природна козметика

LaCha чај и кафе