LaSoy & LA CHA - Health and Pleasure Shop

Македонски (Macedonian)

Вашата кошничка

Вашата кошничка во моментов е празна.

PDFИспис

Oolong и Pu - Erh

Два сензационални типа на чај!!

Oolong (или Wu long) е познат и како полу-ферментиран чај. Најчесто се вбројува во чаевите за слабеење бидејќи е ефикасен во намалувањето на вишокот килограми па е битен елемент на комплетните диети. Многу често во Кинеските ресторани го служат со оброк.

•    Го забрзува метаболизмот на липиди
•    Ја подобрува дигестијата
•    Делува релаксирачки и позитивно на здравјето и убавината
•    Поседува anti-age ефект па е одличен за кожата
•    Содржи 10-15% од кофеинот присутен во шоља кафе

-------------------------------------------------------------------------------------

Како и сите други типови на чај , oolong чајот исто така потекнува од чаената грмушка Camellia sinensis. Техниката на добивање на Оolong е откриена пред околу 500 години во Тајван. По берењето чаените ливчиња се виткаат и притискаат на ивиците, со што при сушењето овие делови ферментираат добивајќи црвено-кафеава боја, додека средината останува зелена. За запирање на ферментацијата листовите се загреваат, така да степенот на ферментација варира од 20% до 80%. Иако визуелно наликува на црн чај Oolong по своите карактеристики е многу поблизок до зелениот чај така да ги поседува истите антиоксидативни својства како и зелениот чај.

Подготовка:  1 полна кафена лажичка се прелева со 200ml зовриена вода (90º-100º) и се остава да отстои 3 минути.

-------------------------------------------------------------------------------------

Пу-ер (Pu Erh) е единствениот чај кој со стареење станува поквалитетен и во тој поглед е многу сличен на виното. На пазарот се наоѓа во најразлични форми – од рефусен до компримиран во мали или големи пити. Сите чаеви  поседуваат широк спектар на позитивни дејства врз здравјето, но Pu-erh е навистина нешто посебно (во Кина уште се нарекува и медицински чај). Тој поседува балансирачко дејство врз здравјето, ја обновува енергијата и виталноста, го подобрува расположението, ја подобрува работата на црниот дроб, забрзувајќи го топењето на маснотиите и воедно помагајќи во намалувањето на вишокот килограми.

•    Го намалува холестеролот
•    Го подобрува варењето (особено на мрсна храна)
•    Овозможува состојба на длабока релаксација

-------------------------------------------------------------------------------------

Pu Erh е еден од најстарите кинески чаеви добиен од широките Yunnan чаени листови (Camellia sinensis var. assamica). Листовите се ферментираат двапати во тек на неколку недели и потоа се сушат. Пост-ферментацијата се одвива со посебни микроорганизми (Aspergillus sp.,Penicillium sp) со што чајот Pu Erh се здобива со силна специфична земјаста арома, благ вкус и лешник-кафеава боја. Стареењето и дополнителната ферментација исто така му овозможуваат на чајот да биде лесно транспортиран. Иако пу-ер се конзумира најмногу поради неговиот стимулативен ефект, за намалување на нивото на холестерол и за слабеење, неговото општо дејство врз здравјето е далеку поважно.  Тој поседува силен релаксирачки ефект и овозможува чувство на смиреност. Pu-erh е одличен чај за после силен оброк. За да го почувствувате бенефитот на овој чај препорачливо е истиот да се козумира со или по секој оброк во времетраење од околу 3 месеци.






Подредување:

Формоза Оолонг

210.00 MKD
Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0

Овој чај се ферментира до околу 50% и потоа се остава да овене на сонцето. Честото превртување на чајот во бамбусови кошници му дозволува на Оолонгот да развие блага арома и крупни, извиткани листови со зелена срцевина и ферментирани краеви.

 
Детални информации...


Пу-Ер Супер Мини Туоча

30.00 MKD
Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0

Висококвалитетен Пу-Ер чај од Јунан. Bешто пресуван да наликува на мали гнезда од птици.

 
Детални информации...


Yunnan Пу-Ер чај

200.00 MKD
Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0

Со векови овој чај бил резервиран и наменет само за привилегираните Кинези и никој не би можел ниту да замисли дека тој ќе стане популарен ширум светот.

 
Детални информации...



  • «« Почеток
  • « Претходна
  • 1
  • Следна »
  • Крај »»
Резултати 1 - 3 од 3

Имате прашање?

Контактирајте нé:

  • Тел: (+389) 72 22 80 77
  • Факс: (+389) 72 22 80 77
  • Email: office@lasoy.com.mk
  • Вебсајт: www.lasoy.com.mk

LaSoy природна козметика

LaCha чај и кафе