LaSoy & LA CHA - Health and Pleasure Shop

Македонски (Macedonian)

Вашата кошничка

Вашата кошничка во моментов е празна.

PDFИспис

Рооибос


Рооибос чајот има голем број позитивни особини и како таков е одличен избор за луѓето кои внимаваат на своето здравје. Тој е природно благ чај, со арома на јаткасто овошје и се добива од Јужноафриканската Црвена грмушка па често се нарекува и црвен чај. Тој не содржи никакви бои, адитиви или конзерванси; природно не содржи кофеин и во себе носи многу посилни антиоксиданси од зелениот чај.
•    Го потпомага имуниот систем, ја подобрува општата телесна благосостојба
•    Помага при варење
•    Помага при стомачни грчеви
•    Олеснува иритации и алергии
•    Одличен за деца, трудници и возрасни
Процесот на производство на рооибос чајот се состои од собирање на иглести гранчиња кои се дробат во мали ливчиња и се оставаат на сонце да ферментираат и да се исушат, со што добиваат црвеникаво кафеава боја и благ вкус. Рооибос соджи анти-оксиданси кои го забавуваат процесот на стареење и го зајакнуваат имуниот систем, срцето и крвните садови. Тој содржи и анти спазмодични агенси кои имаат позитивен ефект врз црниот дроб и дигестивниот систем и помагаат при стомачни грчеви кај малите деца. Тој е делотворен и при несоници, главоболки, ублажува нервоза и тензија, а помага и во третман на иритирана кожа и алергии (егзема и астма). Рооибос не содржи кафеин и е полн со минерали (бакар, железо, натриум, калциум, цинк и магнезиум) па е еден од ретките чаеви кои можат да ги пијат деца, бебиња, трудници и доилки.

Рооибос чаевите можат да се пијат топли или оладени со мраз (одлично летно освежување!!) и добро се мешаат со голем број на ароми, што создава совршено здрава и вкусен напиток. Тој може да се меша и со други велнес и хербални чаеви за покомплексна арома и дополнителен ефект врз здравјето.

Подготовка:
полна лажичка роибос се прелева со 200ml врела вода, се остава 5-10 минути и потоа се процедува. Заради слатката арома овој чај не мора дополнително да се засладува и може да се пие во било кој дел од денот. Тој е одличен за коктели, греено вино, овошни салати и дури јадења од зеленчук во кои се додава наместо вода.
За да подготвите рооибос леден чај, само удвоете го количеството на чај кој го користите, оставете го да отстои на истата температура и исто количество на време и потоа пресипете го директно во чаша полна со мраз.


Подредување:

Рооибос oргански чај

160.00 MKD
Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0

Одличен избор на пијалак за луѓе кои внимаваат на своето здравје. Не содржи кофеин па е препорачлив за деца (и бебиња!), доилки и трудници.

 
Детални информации...


Рoоибос боровница јогурт

220.01 MKD
Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0
Божествено задоволство со извонреден изглед! Свеж овошен вкус на боровинки измешан со американска брусница и гранули јогурт.

Состојки: рооибос чај, сушени боровинки, американска брусница, гранули јогурт (од обрано млеко), цветови од плавица. 
Детални информации...


Рооибос Божиќен чај

220.00 MKD
Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0

Празнична мешавина со прекрасен мирис и нота на заводливост и хармонија. Превкусна комбинација на свеж портокал, сладок цимет, ориентален кардамон, ароматични каранфилчиња и слатка павлака.

 
Детални информации...


Рооибос ладен лимон

220.00 MKD
Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0
Овој совршено свеж вкус не бара додатно украсување за да биде гламурозно претставен. Попарете го и ослободете ја студената и освежувачка арома на лимоновата тревка и природниот вкус на лимон!   
Детални информации...


Рооибос еукалиптус чај

200.00 MKD
Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0
Кора од сладок портокал и свежи ливчиња од еукалиптус совршено се надополнуваат едни со други и гарантираат посебно доживување. Многу привлечно и разнобојно украсена, оваа мешавина е вистински “мелем за очи и душа”.
 
Детални информации...


Рооибос машала чај

240.00 MKD
Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0

Благодарение на пикантните, жестоки состојки, овој рооибос чај добива сосема нов и ориентален вкус.

 

 
Детални информации...


Рооибос Пина Колада чај

200.00 MKD
Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0
Замислете се себеси како лежите под кокосова палма на некоја карипска плажа, слушајќи ги звуците на морето и уживајќи во топлото сонце и оваа безалкохолна верзија на познатиот тропски коктел. Чај со совршен изглед и воодушевувачки вкус! 
Детални информации...


Рооибос калинка чај

220.00 MKD
Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0
Кралска арома на калинки + вкус на свежо цеден сок од грозје = овошна свежина и блескав вкус кој “го боцка” вашиот јазик! 
Детални информации...



  • «« Почеток
  • « Претходна
  • 1
  • Следна »
  • Крај »»


Прикажи #  
Резултати 1 - 8 од 8

Имате прашање?

Контактирајте нé:

  • Тел: (+389) 72 22 80 77
  • Факс: (+389) 72 22 80 77
  • Email: office@lasoy.com.mk
  • Вебсајт: www.lasoy.com.mk

LaSoy природна козметика

LaCha чај и кафе