LaSoy & LA CHA - Health and Pleasure Shop

Македонски (Macedonian)

Вашата кошничка

Вашата кошничка во моментов е празна.

PDFИспис

Балзами

Непријатното чувство на воспалена сува кожа, особено на усните, рацете и стапалата,  е проблем со кој се справуваат многумина луѓе. Степенот на оштетување и воспаление на кожата (дерматит) може да варира, и тоа од сува, груба, топла и надразнета до испукана, ранлива и раскрварена кожа.

Еден од добрите решенија на овој проблем е аплицирање на природни балзами - кремасти производи со хербални компоненти - како што се балзамите на LaSoy.

Тие се создадени за да го потпомогнат заздравувањето на оштетената кожа како и да ја заштитат здравата кожа од надворешни штетни влијанија.

Обичните водени креми воглавно содржат минерални масла. кои пружаат само привремена мекост на кожата - штом водата ќе испари кожата станува посува од претходно и потребно е повторно нанесување од кремата за да кожата повторно привремено омекне...

LaSoy балзамите претставуваат комбинација на селективно одбрани растителни масла и природни екстракти за исхрана, омекнување и регенерација на сувите делови од телото подолготрајно. Не содржат минерални масла, вештачки додатоци и синтетски конзерванси (без парабен).

LaSoy Ви нуди и специјален baby балзам за нега и заштита на сензитивната бебешка кожа, како и антибактериски гел - помош во отстранување на фунги, лишаи и сл.

Со LaSoy балзамите Вашата кожа ќе добие поубав и пред се здрав изглед!



Имате прашање?

Контактирајте нé:

  • Тел: (+389) 72 22 80 77
  • Факс: (+389) 72 22 80 77
  • Email: office@lasoy.com.mk
  • Вебсајт: www.lasoy.com.mk

LaSoy природна козметика

LaCha чај и кафе

Payment