LaSoy & LA CHA - Health and Pleasure Shop

Македонски (Macedonian)

Вашата кошничка

Вашата кошничка во моментов е празна.

LaSoy & LaCha: Почетна е - Продавница Козметика Млеко за сончање
PDFИспис

Млеко за сончање


За безбедно потемнување и долготраен тен!

Млекото изобилува со висококвалитетни растителни масла како што се бадемовото, маслиновото, авокадо, шеа путер, какаов путер кои освен хранително имаат и природно протективно дејство од УВ зраците што го потпомага дејството на СПФ факторот.

Покрај витаминот Е кој ја штити кожата од предвремено стареење, лосионот содржи и природен извор на бета каротен односно масло од морков (Саrrot oil) кое ја смирува воспалената кожа по долготрајно изложување на сонце и ја регенерира помагајќи и да остане влажна и еластична.

Млекото за сончање содржи минерали од титаниум како вистински избор за сите оние кои бараат добра УВА заштита без хемикалии кои можат да бидат потентни алергени или пореметувачи на хормоналниот баланс!

НЕ содржи парабени, минерални масла и оксибензон.

Достапно во пакување од 200 мл со свежа тропска арома на папаја и кокос.

Препорака: избегнувајте долга експозиција на сонце, носете заштитни наочари и облека.

Начин на употреба и чување: за коректна заштита од сонцето нанесувајте го продуктот најмалку половина час пред сончање и повторувајте го мачкањето редовно - по секое бањање, бришење со пешкир или по 1-2 часа од претходното нанесување.
Можно е побелување на кожата по апликација на млекото заради Тi О2. Истиот се раствара во вода и лесно се отстранува со туширање.

Да се чува на температура до 25C.

СОСТАВ: маслиново масло, бадемово масло, ланолин, масло од авокадо, какаов путер, шеа путер, масло од пшенични никулци, масло од гроздови семки, шеа путер, пчелин восок, вит.Е,глицерин, титан диоксид, мирисно масло од кокос и папаја

Сродни производи - “aftersun“ млеко за тело, сет за летна нега на тело



Млеко за сончање

700.00 MKD
Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0
За безбедно потемнување и долготраен тен! Млекото изобилува со висококвалитетни растителни масла како што се бадемовото, маслиновото, авокадо, шеа путер, какаов путер кои освен хранително имаат и природно протективно дејство од УВ зраците што го потпомага дејството на СПФ факторот.


 
Детални информации...



Имате прашање?

Контактирајте нé:

  • Тел: (+389) 72 22 80 77
  • Факс: (+389) 72 22 80 77
  • Email: office@lasoy.com.mk
  • Вебсајт: www.lasoy.com.mk

LaSoy природна козметика

LaCha чај и кафе

Payment