LaSoy & LA CHA - Health and Pleasure Shop

Македонски (Macedonian)

Вашата кошничка

Вашата кошничка во моментов е празна.

PDFИспис

Пилинзи за тело


Ексфолијантите односно пилинзите за тело се неопходен дел од палетата на средства за нега на кожата. Тие ги отвараат порите и ги одстрануваат мртвите клетки од површината на кожата правејќи ја мазна , чиста и подмладена.

LaSoy
пилинзите се комплетно природни и регенерирачки, без хемикалии, синтетски адитиви и конзерванси (без парабени).

Присуството на морска сол овозможува подобро тонирање, прочистување од токсини, релаксација на мускулите, надомест на минерали и подобра циркулација, додека пак шеќерот со ексфолијацијата дава прекрасна свежина и сјај на кожата. Природните додатоци - овес, кафе, овошни компоненти, мед и природни масла (бадемово, кокосово, маслиново, масло од гроздови семки)  го надополнуваат нутритивното, навлажнувачко и заштитно дејство врз кожата.

Како и колку често треба да се употребува?

Препорачливо е еднаш неделно, на влажна и чиста кожа. По нанесување на пилингот со кружни движења (према срцето) нежносе масира целото тело и се остава на кожата да одстои 3-5 минути. Потоа се испира и по потреба се нанесува путер за тело. Особено се препорачува на крај на летото кога исончаниот тен бледее, кожата се лупи и има потреба побрзо да се возобнови или пак по долгата зима кога на кожата и е потребна додатна нега и хидратација.

Внимание: поради маслата кадата може да биде лизгава

Достапен во неколку различни ароми, во пакување од 200 мл и 400 мл (по нарачка).

Пред употреба да се промеша!

 



Подредување:

Анти - целулитен цимет пилинг

400.00 MKD
Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0

Тонира, ја подобрува циркулацијата, загрева, ги елиминира токсините и вишокот на вода, дава свежина на вашето тело, оставајќи ја притоа кожата мека и нежна. За подобар анти-целулитен и хранлив ефект...

 
Детални информации...


Анти - целулитен кафе пилинг

400.00 MKD
Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0
Започнете го будењето во вашата бања и уживајте во утринскиот кафе пилинг! Тонира, затега, го зголемува крвниот проток и помага во намалување на целулитот. За подобар анти-целулитен и хранлив ефект... 
Детални информации...


Чоко - минт & Чоко - ванила пилинг

400.00 MKD
Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0
Засладете ја вашата кожа со вечно примамливиот мирис на чоколадо збогатено со енергетско свежо нане или атрактивна ванила:

 
Детални информации...


Мошус

400.00 MKD
Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0

Топла нота на мошус комбинирана со мирис на свежи брусници и шумско овошје.
 
Детални информации...


Сладок портокал

400.00 MKD
Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0
Свежа цитрусна арома за подигање на расположение! Идеален борец против стрес, нервна и мускулна напнатост, депресија и поспаност. 
Детални информации...


Бел чај & ѓумбир пилинг

400.00 MKD
Просечна оценка:
0 stars  Вкупно гласови: 0
Лесна и освежителна арома која ги разгалува сетилата и ја освежува кожата. Со додаток на зелена глина и ѓумбир, за подобра циркулација и детоксикација! 
Детални информации...



  • «« Почеток
  • « Претходна
  • 1
  • Следна »
  • Крај »»


Прикажи #  
Резултати 1 - 6 од 6

Имате прашање?

Контактирајте нé:

  • Тел: (+389) 72 22 80 77
  • Факс: (+389) 72 22 80 77
  • Email: office@lasoy.com.mk
  • Вебсајт: www.lasoy.com.mk

LaSoy природна козметика

LaCha чај и кафе

Payment