Испис Испис
Испис

Шеа путер



Пенаст шеа путер

Пенаст шеа путер (3)


Пенаст шеа бутер за бебиња

Пенаст шеа бутер за бебиња (1)


Шеа путер

Шеа путер (1)


Шеа путерот се добива од ореволиките плодови на Карите дрвото кое расте единствено во тропскиот дел на Африка. Поради своите лековити својства локално се употребува повеќе од 2000 години – како незаменлива состојка во секојдневната нега на кожата, како “штит“ од сувиот пустински ветер но и за нега и масажа на осетливата бебешка кожа.

Содржи големи количини на незаситени масни киселини, витамини А, Е и Ф како и висока содржина на протеини и минерали. Продира длабоко во кожата, ја задржува влагата, ги регенерира клетките, помага при зараснување на помали рани, огреботини и опекотини, па може да се употребува при третмани на стрии и лузни, по бричење или депилација, а особено е делотворен за областа околу очите (anti-aging effect), за превенција и третман на брчки. Кожата добро го поднесува и не предизвикува никакви алергиски реакции. Од иста причина е одличен избор при секојдневната нега на бебешката кожа и коса. Делува противвоспалително, па помага при заболувања на кожата како што се псоријаза, себореа, екцеми, неуродермитиси и акни. Еден е од ретките природни состојки кои штитат од УВ зрачење па помага при заздравување на кожата оштетена од сонцето. Може да се употреби и како кондиционер за коса.

Листата на полезни ефекти на шеа путерот е навистина голема, па време е Вашата кожа да ја почувствува неговата непроценлива вредност преку производите на LaSoy

Забелешка: препаратите со шеа путер се наменети за нега на сите суви делови на телото - лице, раце, стомак, стапала, кутикули, колена, лакти, како превентивна заштита од ветер и студ, но и како средство за масажа.